На 5-ти мај 2022 година, Католичката црква во Република Македонија во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на Република Македонија одржа свечена промоција на Монографијата „Историска посета на Светиот Отец: Прво македонско добредојде за Папата Франциск“ и на Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“.
Поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, домаќин на Апостолската посета на Папата Франциск на Република Македонија во мај 2019 година, беше еден од промоторите на монографијата за посетата на Неговата Светост и зборуваше за врската меѓу Македонија и Светиот Престол преку културни, образовни и дипломатски односи.