На 21-ви август 2020 година, Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (The World Business Angels Investment Forum – WBAF) објави дека го назначува проф. д-р Ѓорге Иванов, четвртиот Претседател на Република Македонија во два мандати, од 2009 до 2019 година, за Висок комесар на Големото Собрание на најголемиот светски бизнис форум.
Претседателот Иванов ќе ја претставува Република Македонија на Големото Собрание на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Вклучувањето на Македонија во Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели обезбедува широк спектар на можности за нови почетни компании, нови бизниси, бизнис контакти и вмрежувања и ги отвора вратите за економски развој.
Имајќи го предвид двата мандати на позицијата Претседател на Република Македонија и неговото професорско искуство, д-р Ѓорге Иванов ќе предава и на Бизнис школата на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели за Деловна дипломатија за меѓународно претприемништво. Претседателот Иванов, исто така, ќе биде и член на одборот на Дипломатијата во акција за претприемници.
Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели смета дека лидерската позиција на проф. д-р Иванов ќе обезбеди широк спектар на можности за почетни компании, развој на деловни активности и бизниси со висок раст и ќе отвори врати за економски развој, не само за Република Македонија, туку и за другите земји во регионот.
Бајбарс Алтунтас, извршен претседател на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, истакна: „Како придружен партнер на Г-20 Глобални партнерства за финансиско вклучување (G20 Global Partnership for Financial Inclusion – GPFI), WBAF поддржува почетни компании, развива претприемачки екосистеми и им помага на компаниите да се поврзат со меѓународни компании и други релевантни институции. Ние сме уверени во нашиот придонес кон економскиот развој на земјите преку олеснување на врските со претприемачките екосистеми. Силно веруваме дека Македонија и регионот на Југоисточна Европа ќе имаат корист од напорите на проф. д-р Иванов да ја зајакне почетната економија на земјата преку претприемништво, иновации и инвестиции од бизнис ангели.“
Претседателот Иванов нагласи дека „вклучувањето на WBAF во економијата на Македонија и Југоисточна Европа е добар одговор на COVID-19. Во пост-пандемичното деловно опкружување, зголемувањето на деловните активности бара посебни вештини на претприемачите, кои се должни да обезбедат финансирање што е можно побрзо. WBAF ќе има инструментална улога во поврзувањето на македонските претприемачи со квалификувани инвеститори низ целиот свет.