Претседателот Иванов упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод Денот на независноста. Во честитката се вели:
„Почитувани сограѓани,
За остварување на своите идеи – самостојна, независна, суверена, демократска држава, македонскиот народ решително и одговорно излезе и гласаше на 8 Септември 1991 година, и прогласувајќи независност, го одбележа нашиот трет Илинден.
Прогласувајќи независност, ние запишавме историја!
Историја која треба да ја величиме и да ја прославуваме, историја со која треба да се гордееме!
Затоа, само со љубов и почит кон нашата татковина ние ќе покажеме благодарност и почит кон нашите претци и одговорност кон нашите потомци.
Една, единствена и наша Македонија!
Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија!
Да живее и вечна да е Република Македонија!“