Претседателот Иванов упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод празникот Ден на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј:

„Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај,  Денот на  македонските и сесловенските просветли и учители, Светите браќа Кирил и Методиј.

24 Мај е голем празник, бидејќи ги славиме Светите браќа Кирил и Методиј кои својот живот го посветија на ширењето на христијанска  вера на нашите простори преку својата мисионерска, учителска и пресветителска улога.

Преку својата мисија како основоположници на словенската писменост и култура, тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени.

Големите просветители ја составија првата словенска азбука – глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право на проповед за делата Божји на својот мајчин јазик.

Денес, ја славиме цивилизаторската мисија на сесловенските апостоли кои прифаќајќи ја светлината на значењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.

Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години празникот Свети Кирил и Методиј!

д-р Ѓорге Иванов“

 

ЛИНК до објавата на ФБ