Претседателот Иванов упати честитка до христијанските верници кои го празнуваат христијанскиот празник Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Најсрдечни честитки до сите христијански верници кои го прославуваат големиот христијански празник раѓањето Христово – Божиќ според Грегоријанскиот календар!
Со најискрени желби и честитки за празникот на Рождеството Христово ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир.
Мир Божји – Христос се роди!“

Претседателот д-р Ѓорге Иванов упати честитка и до Бискупот д-р Киро Стојанов и верниците во Католичката црква во Република Македонија. Во писмото честитка претседателот Иванов истакна дека овој празник нѐ потсетува дека треба да ги негуваме семејните и традиционалните вредности, да шириме добрина и милосрдие, но пред сѐ, да се обединиме во заедништво за создавање на подобра, посигурна иднина и безбеден живот за нашите деца, нашите внуци, нашите пријатели, нашите соседи и сите наши сограѓани. Со пораката дека нашата вера Исуса Христа треба да јакне, дека треба да бидеме искрени во љубовта, трпеливи кон предизвиците, да бидеме хумани и чесни, благословени со Божјата љубов и милост, претседателот Иванов ги поздрави верниците со Божиќната честитка „Мир Божји – Христос се роди!“.

 

Линк до објавата на ФБ