Честитка до христијанските верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
Почитувани сограѓани,
Велигден, денот на Исусовото воскресение е најголемиот празник, чудо на сите чуда, Божји дар и благослов. Славејќи го Велигден, ја славиме и Божјата совршена љубов кон целото човештво, која ни дава сила и надеж за подобра иднина, во мир и спасение за сите нас.
Ви посакувам добро здравје и благосостојба, а Велигденските празници да ги поминете во радост и хармонија опкружени со вашите најмили.
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
д-р Ѓорге Иванов

