Претседателот Иванов упати честитка до христијанските верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар:
„Почитувани,
Во овие празнични денови, кога со радост го дочекуваме Воскресението Христово да се потсетиме на сѐ што нѐ учи нашата христијанска вера. Таа нѐ учи на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитта, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат. Да бидеме човечни и хумани, да бидеме солидарни и праведни. Бидејќи само така ќе бидеме благословени со Божјата љубов и милост.
Ви посакувам добро здравје, радост, среќа и благосостојба.
За многу години празникот!
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“