Претседателот Иванов со семејството упати честитка по повод Божиќ до христијанските верници во Република Македонија:
„ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
Славејќи го Христовото раѓање да се радуваме и да го славиме животот, да бидеме чесни и милостиви онака како што не учи Исус Христос, да се помолиме за духовен мир и сила за годината која ни претстои.
Овие денови на заедништво се наше потсетување и поука дека сите предизвици и искушенија може да ги надминеме со добри дела и добра мисла за благосостојба на сите нас.
Честит Божиќ!
Семејство Иванови“