Поранешниот претседател Иванов учествуваше на Светскиот форум за демократија и мир 2024 „Обединети за напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот“ во организација на Академијата за културна дипломатија.

Настанот се одржа во Берлин во периодот од 26-28 јули 2024 година со цел да обезбеди неутрална платформа за развој и унапредување на демократијата, со интензивна агенда на предавања, дискусии, дебати и културни активности фокусирани на напредување на развојот, демократијата и мирот низ светот.

Во своето обраќање „Ненаучени лекции за демократијата и мирот“ Иванов ги посочи причините за кризите на современите демократии и причините за отсуство на мирното решавање на кризите и воените конфликти во светот денес.

На Светскиот форум за демократија и мир 2024 учествуваа реномирани личности од меѓународната политика и академијата, дипломатски и политички претставници, научници, академици и млади професионалци. Меѓу учесниците беа Емил Константинеску, Претседател на Романија 1996-2000; Младен Иваниќ, Претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина 2014-2015, 2016-2017; Кетрин Ештон, Висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика 2009-201414 и прв потпретседател на Европската комисија 2010-2014; Наталија Гаврилита, Премиер на Молдавија 2021-2022; Софија Вултепси, заменик министер за миграција и азил задолжен за интеграција на Грција; Мохамад Ханиф Атмар, поранешен министер за надворешни работи на Авганистан; пратеници во парламентите на Романија, Шведска, Финска, Естонија, Хрватска, Индија и др.

 

Линк до објавата на ФБ