По повод отворањето на 17. Школа за млади лидери, претседателот д-р Ѓорге Иванов во видеопорака се осврнува на годинашната тема „Нов свет, ново лидерство и нов прагматизам“ и на потребата од лидерство кое нуди конкретни одговори на предизвиците на современиот свет.
Во услови на растечка комплексност, непредвидливост и неизвесност, Иванов ја истакнува улогата на лидерите со визија и на креативното малцинство како двигател на промените. Новиот свет се создава преку идеи и решенија чија вредност се потврдува во придобивките за целата заедница.
„Новиот прагматизам не е готова мапа која го покажува патот, туку е компас кој ни ја кажува насоката“, порачува Иванов, нагласувајќи дека новите решенија треба да донесат видливи подобрувања во секојдневниот живот – во семејствата, училиштата, компаниите и поширокото опкружување.
Во пораката тој се осврнува и на дигиталната заситеност и потребата од поврзување на дигиталниот и аналогниот свет. Нивната симбиоза, посочува Иванов, треба да биде во функција на човечката среќа, просперитетот и успехот.
Овие размислувања ја поставуваат рамката на годинашната Школа и повикот до младите лидери: својата визија да ја преточат во дејствување што носи корист за заедницата.
Погледнете ја видеопораката на Претседателот Иванов:

