Претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на свечениот прием по повод 25-годишнината од работата на Фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија, кој се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.
По повод овој значаен јубилеј, Претседателот Иванов упатува искрена благодарност до Фондацијата Конрад Аденауер за нивната посветена, континуирана и принципиелна работа, како и за вредниот придонес во градењето на демократско, стабилно и европски ориентирано општество во Република Македонија. Со најдобри желби за уште многу години плодна соработка, нови иницијативи и заеднички успеси, Претседателот Иванов ја истакнува важноста на партнерството со фондацијата како значаен двигател во процесите на општествена трансформација и лидерство.
ЛИНК до објавата на ФБ