Денес, на археолошкиот локалитет Стоби, се одржа Света Литургија по повод 1700 години од Првиот Вселенски собор во Никеја. Литургијата ја предводеше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство. Одбележувањето на овој голем јубилеј е потсетување на историското и духовното значење на Првиот Вселенски собор, на кој учествувале и тројца тогашни македонски епископи: Александар – Епископ на Солун, Будиј – Епископ на Стоби и Дакиј – Епископ на Скупи.

На овој значаен духовен настан присуствуваа и поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова.

ЛИНК до објавата на ФБ