Денес, поранешниот претседател Иванов во својот Кабинет го прими Бискупот и Апостолски егзарх, монсињор Киро Стојанов. Средбата беше на барање на Бискупот Стојанов, а со цел лично да го предаде писмото благодарност од Неговата Светост Папата Франциск до Претседателот Иванов по неговата Апостолска посета на Република Македонија во мај оваа година.

Бискупот Стојанов изрази особена радост што го предава ова значајно писмо, кое следи по долгогодишната соработка со претседателот Иванов во насока на подготовката и уште побитно по успешната реализација на историската посета на Папата на нашата земја.

На средбата се разговараше за долгогдишните активности и посветеноста на Католичката црква во Република Македонија и на Претседателот Иванов за да се постигне оваа историска посета. Соговорниците се согласија дека посетата папата Франциск за Македонија и Македонците дојде во вистинското време. Уште поголемо беше задовоството што самата посета беше одлично организирана што допринесе да имаме успешна и многу плодна Апостолска посета на Неговата Светост на Македонија. Во таа насока беа споменати претходните средби на Претседателот Иванов со Папата, апостолските нунции за Република Македонија, државните секретари на Државата Ватикан, официјалната посета на Претседателот Иванов на Светиот Престол, сите посети по повод празнување на Денот на Св. Кирил и Методиј во Ватикан и Рим, напомнувајќи дека на секоја од тие значајни средби се потсетуваше на поканата за посета на Папата на Република Македонија. Воедно, во тој контекст беа спомнати и ангажманите на Католичката црква во Република Македонија и залагањата на предводниците на католичката заедница во Македонија и нивните молитви и апели за посета.

Претседателот Иванов упати благодарност до Бискупот Стојанов, до католичката заедница во Македонија и искажа голема чест и задоволство што беше домаќин на Поглаварот на Римокатоличката црква при неговата посета на Македонија, заблагодарувајќи се за врачувањето на писмото благодарност, со молба истата да се пренесе и до Папата Франциск со желби за негово здравје, благосостојба и многу успеси во неговата хумана мисија.

На средбата беше искажана и заложбата за натамошна соработка на поранешниот претседател Иванов и Католичката црква и католичката заедница во Република Македонија.

Во прилог, копија од писмото благодарност.

 

ПРЕТХОДНИ ПОВРЗАНИ АКТИВНОСТИ:

– Обраќање на Претседателот Иванов на Апостолската посета на Папата Франциск на Република Македонија

– Апостолска посета на Папата Франциск на Република Македонија

– Отворена можност за посета на Папата Франциск на Македонија – претседателот Иванов во официјална посета на Државата Ватикан

– Присуство на Претседателот Иванов на инаугурацијата на Папата Франциск во Ватикан