Почитувани граѓани на Република Македонија,

На овој ден македонскиот народ, кревајќи се против фашистичката оска на злото преку вооружено востание, уште еднаш ги потврди своите слободарски традиции.

Здружени против фашизмот македонските борци застанаа рамо до рамо со сиот правдољубив и демократски свет. Благодарение на 11-ти Октомври 1941 година и на долгата макотрпна борба која следеше, се удрија темелите на независна Македонија, што беше потврдено и со заклучоците на  Првото Заседание на АСНОМ.

Денешнот ден е уште една можност да се присетиме, да се поклониме и да им се заблагодариме на сите наши херои од генерациите пред нас, кои без колебање ги дале своите животи за граѓаните на Република Македонија денес да живеат слободно и да можат да ја градат својата иднина и својот просперитет.

Затоа, да бидеме благодарни на сите што учествуваа во остварувањето на стремежот за слобода, државност и независност. Нам ни останува да го чуваме и градиме сето тоа што го имаме.

Нека ни е за многу години 11-ти Октомври, Денот на народното востание!

Да живее Република Македонија!

д-р Ѓорге Иванов

ЛИНК до објавата на ФБ