Претседателот Иванов упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод Денот на независноста на Република Македонија:
„Почитувани сограѓани,
Пред 32 години, единствени во намерата да бидат свои на своето, македонските граѓани на 8-ми Септември 1991 година, на нашиот трет Илинден, храбро, решително и одговорно го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Во очи на овој историски референдум во нашата татковина не доаѓаа високи странски претставници. Тоа беше момент на вистинска народна саморефлексија од која произлезе ненаметната, автентична и чиста волја на македонскиот народ и македонските граѓани.
Во изминативе години доживеавме моменти на славење, но и на разочарување. Сме имале и имаме тешки времиња. Сме поминале и поминуваме низ разни премрежија и предизвици. Затоа, никогаш да не заборавиме дека чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето.
Да бидеме доследни, сплотени и истрајни во нашата одлука за остварувањето на нашата слобода, сувереност и независност.
Среќен роденден татковино!
Си била и ќе бидеш Македонија!
Да живее Република Македонија!“