Претседателот Иванов упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод празникот 2-ри Август Илинден:
„Почитувани сограѓани,
Републиката се протега до таму до каде што допира светлината на илинденскиот факел.
Од Крушевската, преку АСНОМ-ската, па сe до нашата независна Република Македонија. Таа република живее во срцата на секој чесен Македонец и на секоја чесна Македонка, на секој чесен македонски граѓанин, каде и да се наоѓа.
Таа живее во нас и тогаш кога некој сака да ни ја одземе и фрли во заборав. Затоа, наша обврска е илинденскиот факел никогаш да не згасне и гордо да го пренесуваме на наредните генерации за да им го осветлува патот.
Со полно право денес имаме причина за славје и гордост. Празнувајќи го и овој Илинден во Република Македонија и насекаде во светот, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИЛИНДЕН!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“