Претседателот Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар:
„Почитувани,
Велигден е неодминлив патоказ дека вдахновени од примерот на Христа можеме да ги надминеме сите предизвици и искушенија.
Да го следиме патот на светлината и добрината, да се почитуваме, да даруваме љубов и добрина.
Во мое лично име и во име на моето семејство, ви го честитам големиот христијански празник Велигден и ви посакувам мир, добро здравје, радост и благосостојба.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“

Претседателот Иванов упати и писмо честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден до Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски, Монс. д-р Киро Стојанов, и до целиот пасторален персонал и до сите верници на Католичка црква во Република Македонија. Тој во своето писмо истакна дека Воскресението Христово – Велигден е неодминлив патоказ дека вдахновени од примерот на Христа можеме да ги надминеме сите искушенија и предизвици, и дека треба да се молиме до Исуса Христа да ни даде сила да бидеме човечни, разумни, да имаме мир, разбирање, да имаме верба и надеж за подобра иднина.

 

Линк до објавата на ФБ