Поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваше на 7-миот Дигитален самит на Западен Балкан (7th WB6 Digital Summit – Skopje 2025), кој овие два дена го трансформираше Музејот на современата уметност во центар на регионалната дигитална агенда.
Овој самит претставува клучна регионална платформа што ги обединува највлијателните чинители од регионот – владини претставници, дигитални експерти, компании, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите лидери – под заедничкото мото Connected for the Future. Темите кои што беа во фокусот – сајбер безбедност, дигитална трансформација и вештачка интелигенција – ја потврдуваат важноста на дигитализацијата како главен двигател за економски раст, интеграција и просперитет на регионот.
Честитки до Министерството за дигитална трансформација и министерот Стефан Андоновски, како и до нивните партнери и поддржувачи, за успешната организација на овој исклучително значаен настан.







