На 27 септември 2025 година, поранешниот Претседател Иванов присуствуваше на настан во Прилеп по повод 35-годишнината на компанијата „Микросам“ и 16 години од основањето на Институтот за современи композити и роботика.
Со искрени честитки упатени до основачот и директор на Институтот, д-р Благоја Самаковски, до менаџерскиот тим на „Микросам“ и до сите вработени, претседателот Иванов го изрази своето восхитување од нивната извонредна стручност, визионерство, професионалност и креативност – квалитети кои ја позиционираат компанијата и Институтот на самиот врв во областа на композитните материјали и роботиката.


