На 28 септември 2025 година, во центарот на Скопје, беше осветен новиот храм „Св. Константин и Елена“, изграден по повеќе од тринаесет години од започнувањето на неговата градба. На чинот на осветување и на свечената литургија присуствуваше поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата Маја Иванова.
Чинот на осветувањето го водеше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а настанот претставува значаен момент за православните верници и ќе остане засекогаш впишан во животот на градот.
Храмот, со својата архитектура, ќе биде ново светилиште и извор на духовна поддршка, место на молитва и заедништво, дом на надеж и благослов. Овој настан претставува важен белег за Македонија, за Скопје, за христијанството и за православието – повод за радост и гордост за сите верници.


