Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединетите нации во Њујорк оствари билатерална средба со Помошникот генерален секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос.
По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН.
Договорот предвидува можност за заеднички проекти и активности во Македонија, но и во поширокиот регион. Со овој договор ,,Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите” од Скопје стана и официјален партнер на Организацијата на обединетите нации во целта за остварување на заедничките приоритети на оваа благородна идеја.