Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, денес го објави својот став за францускиот предлог и повика на негово отфрлање:
„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.
Со вакво „решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна.
Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство.
Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара.
Непокорот е единствениот излез.
Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.
Да живее Република Македонија!“
Попладнево, Претседателот Иванов, придружуван од неговиот син Иван, беше на протестот против францускиот предлог под мотото „Ултиматум, не благодарам“ кој се одржа пред Владата на Република Македонија.
Во објавата на неговата фејсбук страна стои: „Народот си го кажа своето!“.