На вториот панел на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023 кој беше на тема „Враќање на мултикултурализмот – предизвици и глобална промена на моќта“, учествуваа г-ѓа Ана Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска, г. Ханс Колер, претседател на International Progress Organization, амбасадорот Зоран Дабиќ, г. Ули Брукер, професор по Европски студии, г-ѓа Оана – Силвиа Тоиу, парламентарка од Романија и г. Онур Кадир, советник на градоначалникот на Измир.