Денес се одбележуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, Претседателот Иванов го сподели следново:
„Ве повикувам во името на Гоце за да ни послужи тоа име како моќна повелба за нашето единствено чувствување како Македонци и за целосно и сестрано откинување од ноктите и мрежата на онаа политика, чии носители најмногу придонесоа за раскинувањето и за новата трагедија на Македонија и кои и денес продолжуваат преднамерно да всадуваат несогласија и конфликти меѓу нас, за да не бидеме во состојба да ја одбраниме Татковината од нови заговори и од нови предавства.
Сите по патот на Гоце!
Сите под едно знаме, неговото знаме!
Димо Хаџи Димов“