Loading...
Активности2023-01-23T11:43:23+00:00

Честитка од Претседателот Иванов по повод историскиот пласман на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство на 13 ноември 2020 година

Радувај се Македонијо. Браво момци. Денес, ја израдувавте Македонија, ја охрабривте Македонија и дадовте надеж на Македонија. Вие успеавте да допрете до секој Македонец и да ја направите успешна и радосна Македонија. Денес, испишавте историја. Честитки до селекторот Ангеловски, честитки [...]

Честитка од Претседателот Иванов по повод Денот на македонската револуционерна борба на 23 октомври 2020 година

На денешен ден пред 127 години, во Солун, беа шестмина. Меѓу народот беа познати како даскали, екими, или едноставно акллии - учени луѓе. Тие на денешен ден, по тогашниот календар, посадија едно стебло кое низ годините растеше и се разгрануваше. [...]

Честитка од Претседателот Иванов по повод 11-ти Октомври 2020 година

Почитувани граѓани на Република Македонија Нека ни е честит Денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор! Нека 11-ти Октомври за навек сведочи како македонскиот народ се бореше за слободата и за остварување на сонот за формирање на [...]

Учество на Претседателот Иванов на онлајн конференција – 23. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара на 8 октомври 2020 година

Поради глобалната пандемија на Ковид-19 и почитување на превентивните протоколи, 23. Евроазиски економски Самит на Фондацијата Мармара од Истанбул, Република Турција, првично планиран за април оваа година, се организираше сега, во октомври, по прв пат на онлајн платформа со видео [...]

Проштална средба на Претседателот Иванов со Амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Кристиан Тимоние на 30 септември 2020 година

Претседателот Иванов, денес, во својот Кабинет, го прими Амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Неговата Екселенција г. Кристиан Тимоние, кој ја завршува својата мисија во Република Македонија. Претседателот Иванов му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за неговиот целокупен ангажман [...]

Честитка од Претседателот Иванов по повод Денот на независноста на Република Македонија на 8 септември 2020 година

Почитувани сограѓани, Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија! Секое големо достигнување, пред да се оствари, е само сон. Независна, суверена и слободна Македонија беше сонот на генерации и генерации наши претходници. Успеавме во 1991 година, кога [...]

Свечено доделување благодарници на учесниците на средношколската лидерска академија на ИСЛАА на 2 ноември 2019 година

Поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, им додели благодарници на средношколците кои учествуваа на првата од обуките во рамки на Средношколската Лидерска Академија организирана од ИСЛАА. Претседателот Иванов им додели благодарници и на предавачите на академијата кои ги [...]

Прием на Турската амбасада во Скопје на 29 октомври 2019 година

Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, со својата сопруга на покана на Амбасадорката на Република Турција, Нејзината Екселенција г-ѓа Тулин Еркал Кара, присуствуваше на свечениот прием што го организираше Амбасадата на Република Турција по повод 96-годишнината на Денот [...]

Честитка по повод денот на Македонската револуционерна борба на 23 октомври 2019 година

Почитувани сограѓани, Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда. Овој ден [...]

Честитка по повод 8-ми Септември на 8 септември 2019 година

Почитувани сограѓани, На 8 септември 1991 година, македонскиот народ со огромно мнозинство преку референдум го оствари своето право на самоопределување, прогласувајќи суверена и независна држава Македонија. Одлуката од тој референдум со кој се дефинираше самостојноста и сувереноста на Република Македонија, [...]

Честитка од Претседателот Иванов по повод Илинден на 2 август 2019 година

Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој [...]

Go to Top